Роналдо дознал дека нема да игра против Сити, па ги шокираше соиграчите со својата одлука

4

Кристијано Роналдо повторно е во центарот на вниманието по уште еден тежок пораз на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата. Овојпат тимот на Ралф Рангник падна против градскиот ривал Сити, а целиот меч Јунајтед го одигра без својот најплатен и веројатно најдобар фудбалер. Роналдо не беше ни во тимот.

Португалецот на ден пред натпреварот дозна дека нема да игра против Сити и таа одлука ја примил со голема доза на бес, наведува британски „Сан“ во својот денешен текст. Англичаните во продолжението од истиот детализираа како точно изгледала споменатата ситуација за која сега се зборува во клубот.

„Сан“ пишува дека Роналдо бил потполно шокиран од одлуката на Рангник да не го вметне во ударниот состав против Манчестер Сити. Наводно Рангник му рекол на Роналдо во пресрет на мечот дека сака свежина на теренот и дека планира да го внесе во игра како засилување од клупата кога противничките играчи ќе бидат уморни.

Роналдо непосредно откако дознал за намерите на тренерот се пожалил на повреда. По ова одлучил да отпатува во Португалија вечерта во пресрет на дербито. Тоа не го кажал на ниту еден од своите соиграчи, па многумина останале во неверување по неговиот потег.