Роналдо не е единствениот со хет-трик во Серија А, Ла Лига и Премиер

25

Кристијано Роналдо својот прв хет-трик во Серија А го постигна против Каљари викендов и сега може да се пофали дека ваков учинок има во три од петте најсилни лиги на светот, италијанската, шпанската Ла Лига и во Премиер.

Но, тој не е единствениот, туку рекордот го дели со уште еден фудбалер, Алексис Санчез.

Чилеанецот тоа го има сторено пред него. Како играч на Удинезе има постигнато хет-трик во Серија А, во редовите на Барселона во Шпанија и како напаѓач на Арсенал во Премиер лигата.