Роналдо: Сега сум во добра форма, сакам да му помогнам на Јуве да освои титули

6

Кристијано Роналдо се погрижи да ги остави зад себе грижите за повредата, велејќи дека сега е во одлична форма откако му помогна на Јувентус да ја совлада Сампдоријан со 2:1 со фантастичен гол.

Португалскиот напаѓач го постигна голот во второто полувреме скокајќи 71 сантиметар од земја и ја смести топката во мрежата.

„Среќен сум со резултатот, беше многу тежок натпревар затоа што Сампдорија играше добро денес“, изјави Роналдо за „Sky Sport Italia“.

„Целиот тим го покажа вистинскиот дух. Тоа беше добар гол и јас сум среќен што му помогнав на тимот да освои уште три бода“, додаде тој.

„Имав проблеми со коленото веќе еден месец, но сега немам и се чувствувам добро физички. Она што сакам е да му помогнам на Јувентус да освои титули“, заврши тој.