Роналдо сепак е голем џентлмен: Се откажа од наградата и му ја даде на Левандовски

14

Кристијано Роналдо и Роберт Левандовски ги добија главните награди на синоќешното доделување на наградите „Глуб Сокер“.

Португалецот беше награден за фудбалер на векот, додека Полјакот за најдобар во 2020 година. Интересно е тоа што италијанскиот весник „Тутоспорт“ открива дека првично требало Роналдо да ги добие двете награди, но фудбалерот на Јувентус интервенирал.

Тој побарал од организаторот на наградите, признанието за најдобар во 2020 година да му го додели на Левандовски. Роналдо сметал дека тој не ја заслужува наградата и дека бил избран само поради својата популарност. Иако навивачите и стручното жири му дода највеќе гласови на Португалецот, фудбалерот на Баерн Минхен си замина со наградата.

Левандовски беше прогласен и за најдобар фудбалер според ФИФА, а интересно е тоа што и тогаш беше откриено дека Роналдо во гласањето им дал поени и на Левандовски и Меси, но никој од овие двајца не гласал за Роналдо.