Ропството на албанските девојки и медиумскиот молк!

217

Емин АЗЕМИ

Во оддалечените планински предели на Шумадија, младите Срби страдаат за женидба, меѓутоа сега тој проблем го немаат. Доволно е да се купи српско-албански речник, потоа да се следат страниците на весниците со огласи и веднаш се воспоставува контактот со посредникот. Невестите од Албанија лесно се наоѓаат….

Сите информации за продажба на албанските девојки во заборавените краишта на Србија можеш да ги најдеш во српските весници. На престижните и истражните медиуми во Тирана не им дава впечаток овие нечесни дела што им се случува пред носот. На нив не им дава впечаток вакво подло ропство на живи суштества што се прави без да се регистрира дури од некое здружение што го брани човечкото достоинство и слободи. Дали сте ги виделе телевизиските студија во Тирана и аналитичарите од областа се знаењето како се грижат за ЛГБТИ-стите, но и за затегнатите односи меѓу САД и Северна Кореја, без да се заборави влијанието на глобалното затоплување во скопењето на стаорците, иако темите како таа на продавањето на албанските девојки за српските лажливци, се уште се сметаат како анахронизам, додека сите тие кои имаат храброст да зборуваат за таквите нешта се прогласуваат или фолклористи или задоцнети патетици, без да се заборави дури да ја стават и етикетата „анти-српски“.

Весникот „Вечерње новости“ пишува дека бројот на новите бракови со албански невести се зголемува, додека организацијата „Стара Рашка“ организира и посредува и посредува бесплатно за патувањата за женидби на Србите во Албанија. Оваа организација соопштува дека не станува збор за некој бизнис, туку само за хумана активност за да не остануваат празни српските села. Според нив, досега таа има склучено 300 бракови меѓу Србите и Албанките.

Овој валкан робовладетелски пазар што се случува пред нашите очи, не би го имал својата рентабилност, доколку не ја има поддршката на јавната опортуност и неактивноста на државата. Сцените од филмовите со врзани црнци кои беа носени со брод од едно до друго крајбрежје, ги замислевме како чудесни производи на сценаристите, меѓутоа сме згрешиле кога сме ги затвориле очите и да гледаме вистински настани околу нас, со протагонисти – девојки, кои сега веќе не глумат, туку плетење на ново платно, секако некоја што ја заборавил некогаш Пенелопа, со која ја покријат грубоста на реалноста, туку и на мрачниот релјеф, таму некаде зад многу планини и брегови, каде продолжуваат да живеат и ги обновуваат изгаснатите српски огништа.

Српскиот печат известува дека во Скадар постои агенција која посредува за бракови и Србите плаќаат над 3-4 илјади евра за една албанска невеста. „Ги ревитализираме нашите села. Во село Буџево, 10 албански невести до сега родиле 12 деца и повторно е отворено училиштето“, изјави еден српски селанец за белградскиот весник
„Вечерње новости “.

Десетици млади Срби секој месец се венчаваат со млади Албанки од северните и централните области на Албанија. За една албанска невеста се плаќа 3.000 евра или повеќе. Во оддалечените планински предели на Шумадија, младите Срби страдаат за женидба, меѓутоа сега тој проблем го немаат. Доволно е да се купи еден српско-албански речник, потоа да се следат страниците на весниците со огласи и веднаш се воспоставува контактот со посредникот. Невестите од Албанија лесно се наоѓаат и тие ги имаат нивните цени, додека тарифите ги утврдуваат посредниците, кои еден дел од парите ги земаат за себе. Често се случува да српските младоженци, над 40 години да одат во Албанија и откако ќе се запознаат со семејството на 18 годишна невеста, не се враќаат со празни раце. Албанците се добри домаќини и дарежливи и те чекаат со „леб и сол и невеста“, но и кога те испраќаат, посакуваш да ги гледаш. Таткото на невестата го почитува младоженецот со невестата, му ја подготвува со сите нишани и под ритамот на „ужичко коло“ го испраќа до крајот на селото или населбата,а во меѓувреме некој од жените од комшиите му посакува на нивната ќерка да се врати здрава и по можност со момче на рамо. Купената невестата кога оди во куќата што личи на штала за добиток, за српските медиуми изјавува дека е среќна во семејството на нејзиниот сопруг, затоа што наоѓа на двајца свиткани старци кои со нетрпение ја чекаат услугата на албанската невеста, а малку понатаму и посакува како добредојде стадо на свињи, што се подготвува да ги качи над купот на ѓубривото среде дворот.

Луме Миличевиќ е Албанка,вдовица, чиј сопруг починал пред неколку години, но таа одлучила да остане во Србија. Таа е позната како посредничка за бракови. Луме постојано организира патувања и посети на младите Срби од руралните српски области во Албанија, каде таа ги собира девојките и семејства заинтересирани за бракови. Потоа, посредничката организира и посета на родителите на девојките во Србија за да видат тие каде ќе живеат нивните ќерки. Така, само во областа на Рашка, Пештер, Голија, Јавор и Јадовик, над 150 Албанки се мажеле за Срби и тие досега ги основале нивните семејства со многу деца.