Рочиштето за Рекет неизвесно, лекар го прегледува Боки 13 во притвор

8

Неизвесно е дали денес ќе има судење за Рекет. Причина е здравствената состојба на обвинетиот Бојан Јовановски, на кој во моментов му се врши преглед во Истражниот затвор во Шутка.

Судијката Васка Николовска-Масевска извести дека чека официјално известување од затворот за тоа дали Јовановски денес може да го следи судскиот процес.

Во Истражниот затвор во шутка Боки 13 го прегледува друг лекар, бидејќи затворскиот, кој до сега му ја следеше здравствената состојба, се повредил.

На минатото рочиште за Рекет обвинетиот се пожали дека има рак на желудникот и дека здравствената состојба му е лоша. За околу половина час ќе се знае дали Рекет ќе продолжи денес или ќе биде одложено.

За денешното рочиште предвидено е да се презентираат пораките испраќани преку мрежата Вотсап.

Во судница присутна е обвинетата Катица Јанева со двајцата бранители, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска.