Ројтерс: Финска воведува задолжително тестирање и карантин откако пристигнаа 24 позитивни патници од Скопје

8

„Ројтерс“ објави дека Финска воведува задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патници од одредени земји со висок ризик откако 24 од 157 патници кои пристигнале со лет од Скопје биле позитивно тестирани.

Ова го потврди надлежната министерката за семејни работи и за социјалните услуги Криста Кијуру, откако властите дозволија летови од Скопје и од Букурешт, но потоа забележително се зголеми бројот на нови случа и на Ковид-19 во скандинавската земја.

Со коментар „Епидемијата е на Балканот“ Кијуру најави дека од авиокомпаниите ќе се бара да ги известат своите патници, доколку можат, дека треба да бидат подложени на задолжителен тест за коронавирус по нивното пристигнување во Финска.

Новите правила ќе се применуваат што е можно поскоро,но претходно за тоа се потребни некои претходни процедури и службени одобренија.

Задолжителниот двонеделен карантин и тестовите за коронавирус по случаен избор по пристигнувањето во Финска ќе се применуваат за секој што ќе пристигне од земја со повеќе од 8 до 10 нови случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во последниот 14-дневен период.