Рој Кин: Тотенхем има таква ДНК, постојано да разочарува

29

Четири кола пред крајот Тотенхем е надвор од позициите за место во европските купови. За во Лигата на шампионите нема шанси, а виси и за место во Лига Европа. Тимот на Мурињо разочара на дуелот со претпоследниот Борнмут (0:0), а од трите последни натпревари доби само еден.

Некогашниот ирски фудбалер Рој Кин кој сега е анализатор на натпреварите во Премиер лигата отворено порача дека „Спарс“ се губитнички клуб.

„Тотенхем беше очаен против Борнмут. Исто така, „Спарси“ играа во гости со Шефилд и исто така не се бореа. Но Тотенхем има таква ДНК, постојано да разочарува. Табелата не лаже, го држат деветтото место, точно таму и заслужуваат да бидат“, изјави Кин.

„Кога ќе го извадите Хари Кејн од тимот, Тотенхем е само просечна екипа. Како што гледам фудбалерите уште сега се отидени на одмор. Мурињо има големи грижи, неговата екипа изгледа шокантно. Единствена утеха за сите е дека не може полошо од ова“, заклучи Ирецот.