Русите го уништија и конзулатот на Словенија во Харков

12

Уништен e конзулатот на Словенија во украинскиот град Харков.

Мати Масикас на Твитер објави видео на кое се гледа експлозија на зградата во која се наоѓа конзулатот. Конзулатот на Словенија е уништен во денешниот ракетен напад на руските сили на Плоштадот Слобода во Харков, објави на Твитер шефот на делегацијата на Европската унија во Украина, Мати Масикас. Во Харков имаше и цивилни жртви. Истото се случи и во Киев.