Русите објавија видео во кое нивната вакцина ја спасува Земјата од вирусот

19

Видео кое ја промовира руската вакцина против коронавирусот прикажува како доза од Sputnik V го уништува коронавирусот со големина на планета, односно ја спасува Земјата.

Компјутеризираната анимација е објавена на интернет страницата на Рускиот фонд за директни инвестиции, главен спонзор за развој на вакцината.

Пред неколку дена Русија стана првата земја во светот која официјално ја регистрираше првата вакцина против COVID-19. Покрај промотивната анимација на страницата е објавено и видео во кое се гледа како се произведува вакцината. Во саботата беше соопштено дека започна производство на вакцината, пишува Russia Today.

Вакцината е одобрена по само две фази клиничко тестирање. Третата фаза ќе вклучува масовно тестирање на волонтери. Александар Гинцбург, директор на Националниот истражувачки центар Гамалеја изјави дека за десет дена ќе започне тестирањето, пренесе TASS.