Русите почнаа да ја бомбардираат и западна Украина

1

Војната во Украина се разгорува.Бомби ги погодија аеродромите во западна Украина, блиску до градовите Луцк и Ивано-Франкиевиск.

Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак реагираше на твитер за ескалацијата на руските напади низ целата земја.

„Украинските големи градови повторно се подложени на разорни удари“.напиша тој.

Првото гранатирање се случило во Луцк при што биле затворени две котлари, додека три „моќни експлозии“ го погодиле Ивано-Франковск со Днипро.

Вчера првата средба на високо ниво меѓу Москва и Киев заврши без договор..

Првите дипломати Лавров и Кулеба не се согласија за прекин на огнот на средбата во Анталија.

На терен продолжуваат обвинувањата за воздушниот напад врз детска болница во Мариупол..