Русија ги повикува останатите земји да ја признаат независноста на Доњецк и Луганск

4

Руското Министерство за надворешни работи денеска ги повика останатите држави да го следат примерот на Русија и да ја признаат независноста на сепаратистичките региони во источна Украина.

„Признавањето на народните републики Доњецк и Луганск е неопходна и единствена можна одлука“ во сегашните услови, се наведува во соопштението на руското министерство.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ја призна независноста на проруските сепаратистички територии во источна Украина и потпиша „договори за пријателство и взаемна помош“ со нив.

Тоа предизвика жестоки меѓународни осуди и закани со западни санкции против Русија.