Русија и Кина ставија вето за дополнителни санкции за Северна Кореја

6

Русија и Кина го искористија правото на вето за време на гласањето во Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации (ОН) за заострување на санкциите за Северна Кореја.

Во нацрт резолуцијата на САД се осудува лансирањето на балистичка ракета на 24 март и уште едно неодамнешбно тестирање, пренесува агенцијата ТАСС. Притоа е предложено намалување на испораките на сурова нафта и нафтени деривати за земјата.

Споменато е воведување на санкции за една севернокорејска организација која, наводно, е вмешана во злонамерни сајбер активности, но и воведување на санкции кон други субјекти.