Русија и Украина договорија целосен прекин на огнот

10

Русија и Украина договорија да се спроведе целосен прекин на огнот во источна Украина до крајот на годината. Ова беше договорено на средбата на претседателите Владимир Путин и Володимир Зеленски во Париз.

Пет и полгодишната војна помеѓу Украина и бунтовниците поддржани од Русија однесоа 13.000 животи.

Преговорите во Париз се одржаа под посредништво на лидерите на Германија и Франција и уследија по голема размена на заробеници и по повлекувањето на украинската војска од три клучни области од линијата на фронтот. Двете земји се договорија до крајот на годината да ги разменат и преостанатите затвореници поврзани со конфликтот, а до крајот на март 2020 да ги повлечат своите воени сили од уште три области во Украина.

Нови разговори треба да се одржат за четири месеци.

„Ова е важен чекор кон смирувањето на конфликтот“, кажа Путин.

Зеленски додаде дека е одблокиран и проблемот со извозот на руски гас низ цевководот што поминува низ Украина.

„Украина нема да бара никакви територијални отстапки во замена за мир“, изјави Зеленски.

Конфликтот почна во април 2014, кога проруските сепаратисти воспоставија контрола врз големи делови од регионите Донецк и Луганск, набргу откако Русија го анектираше полуостровот Крим.