Русија најави нов прекин на огнот за да се евакуираат цивили

3

Русија за денеска најави нов прекин на огнот со цел да им се овозможи на цивилите во градовите да се евакуираат, јавуваат руските државни медиуми.

Хуманитарни коридори повторно треба да бидат воспоставени за Киев, Чернихив, Суми, Харков и Мариупол во 10 часот по локално време што ќе биде трет прекин на огнот од почетокот на инвазијата.

Вчера исто така имаше прекин, а украинските власти соопштија дека од Суми се евакуирале неколку илјади цивили.

Обидот во Чернихив, пак, не успеа бидејќи според тврдењата на украинските власти, Русија продолжила со гранатирање на рутата по која требало да се движат коридорите. Исто така, Украина тврдеше и дека безуспешен бил обидот и во Мариупол.