Русија одобри нов лек за коронавирусот

30

Русија одобри нов антивирусен лек, коронавир, за лекување на заболените од ковид-19, соопшти руската фармацевтска компанија Р-фарм вчера, додека бројот на заразените во таа земја надмина 7.000. Во соопштението на Р-фарм, кој го развил коронавирусот, се наведува дека клиничкото испитување во кое биле вклучени благи или средно тешки случаи, покажало дека лекот е многу ефикасен во инхибирањето на репликацијата на новиот коронавирус.

„Коронавир е еден од првите лекови во Русија и во светот кој не се бори против компликациите предизвикани од вирусот САРС-ков-2, туку против самиот вирус“, наведува Р-фарм.

Клиничката студија покажала подобрување кај 55 отсто од заболените кои не биле примени во болница на седмиот ден од лекувањето со коронавирот, во споредба со 20 отсто од оние кои примале стандардна терапија.

До петтиот ден од лекувањето, новиот коронавирус бил елиминиран кај 77,5 отсто од пациентите кои примале коронавир, тврди Р-фарм.

„Глобалната клиничка практика и клиничката студија која ја спроведовме потврдија дека коронавирот многу побрзо ја сопира инфекцијата во резултатот на својата ефикасна опструкција на репликацијата на вирусот“, изјави Михаил Самсонов, медицинскиот директор на Р-фарм.

Тестирањето почнало на крајот на мај и повеќе од 110 заболено биле лекувани со тој лек, кажа директорката за клинички испитувања на рускиот Централен истражувачки институт за епидемиологија Татјана Рјаженцова.

Ова е третиот лек регистриран во Русија за лекување на новиот вирус. Првиот, авифавир, им се дава на пациентите од 11 јуни.