Руската војска ѝ ја достави на на Италија медицинската помош за борба против коронавирусот (ВИДЕО)

10

Руската војска достави камиони полни со опрема во Италија, нацијата со најголем број жртви од пандемијата на вирусот ковид-19.

На снимките што ги објави руското министерство за одбрана се гледаат контејнерите со помошта натоварени на воени камиони камаз како се симнуваат од авион иљушин Ил-76 во италијанската воена база Пратица ди маре, 30 километри од Рим. Персоналот во бели заштитни одела го подготвил товарот пред возилата да можат да се спуштат на пистата.

Руските авиони со медицинска помош пристигнуваат во Италија од синоќа. Москва му помага на Рим и со лекари и експерти за контрола на заразни болести, како и со пратки на тестови и алатки за дезинфекција.