Руската телевизија ја подели Украина на делови

19

На социјалните мрежи се појави слика од картата на Украина која е поделена на неколку делови кои се означени со различни бои. Оваа карта ја објави руската државна телевизија за време на говорот на Владимир Путин.

На картата е прикажана „Украина во жолто“ или оној дел од територијата што „Русија смета дека и припаѓа на Украина“, а другите делови се означени како „подарени “ територии на Украина од поранешните руските лидери Сталин, Ленин и Хрушчов.

Украинската криза ескалираше во последните неколку дена. Путин ја призна независноста на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР), но потоа вчера побара од Думата, долниот дом на рускиот парламент, дозвола руската армија да замине во странство. Думата ја даде дозволата експресно и едногласно.

Западните земји одговорија на одлуката на Путин со санкции. ЕУ вчера санкционираше 27 физички лица и субјекти, вклучително и банки кои финансираат руски политичари и операции на отцепените територии. Пакетот санкции ги вклучува сите пратеници од Долниот дом на рускиот парламент кои гласаа за признавање на ДНР и ЛНР. Велика Британија воведе санкции за неколку руски олигарси чиј бизнис е поврзан со рускиот претседател Путин, како и за пет руски банки.

Украина денеска прогласи вонредна состојба на 30 дена, а тамошниот парламент усвои предлог-закон според кој на граѓаните на Украина им се дозволува да носат оружје и да го користат во самоодбрана.