Руските војници продолжуваат да ја уништуваат опремата на вооружените сили на Украина

4

Војниците на Русија и Донбас продолжуваат да ја уништуваат опремата на вооружените сили на Украина.

Денеска е шести ден од почетокот на руската специјална операција во Украина. Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина соопшти дека земјата ќе добие 70 борбени авиони од својот партнер.

Како што продолжуваат борбите, расте и бројот на бегалци. Од час во час се повеќе Украинци ги напуштаат домовите и се упатуваат кон граничните премини.

Над 132.000 луѓе пристигнаа во Русија од Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република на 18 февруари.

Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации соопшти дека околу 422.000 Украинци ја напуштиле земјата.