Русковска влезе во компанијата „Инвока гроуп“, а се врши претрес и во домот на Рашковски

38

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција потврдува дека е извршен претрес во фирмата „Инвока гроуп“, која победи на тендерот за софтверот за сообраќајни прекршоци што го спроведе поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски.

Претрес се врши и во домот на Рашковски во рамки на истрагата што ја отвори Обвинителството откако беа обелоденети во медиумите сомнежи за набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Опозицијата го обвини Рашковски дека е вмешан и во тендерска афера за набавка на радарски систем за летање за потребите на Македонска навигација (М-НАВ), откако беше објавен аудиоразговор со транскрипт во јавноста.

И за овој случај антикорупционерите отворија предмет, а претседателката Билјана Ивановска вели дека тој е во завршна фаза и дека наскоро ќе ги обелоденат сознанијата од нивната истрага која преходно покажа дека договорот со италијанската фирма „Леонардо“ останал ист и пред во него да се вклучи Рашковски. Сомнително за Антикоруппциската комисија беше доцнењето на исплатата на траншите за кои државата плаќа високи камати.