Русковска побара притвор за кумот на Груевски

29

Обвинителката Вилма Русковска денеска пред Кривичниот суд изјави дека предистрагата за случајот во кој осомничен Ристо Новачевски започнала во времето на СЈО, а потоа предметот го презело ОЈО.

За Новачевски, обвинителката Русковска побарала притвор и замрзнување на имотот.

Во овој предмет осомничени се Никола Груевски, Сашо Мијалков, Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ, Орце Камчев и Ратка Камчева. Сите од групата се сомничат за сторено кривично дело перење пари со кои купиле плацеви на Водно.