Руското „чудо од дете“ доби правда и дозвола да се бори за ново злато на ЗОИ!

5

Руската натпреварувачка во уметничко лизгање, Камила Валиева, доби дозвола да продолжи со настапот на Зимските олимписки игр (ЗОИ) во Пекинг и покрај позитивниот антидопинг-тест, откако Спортскиот арбитражен суд (ЦАС) во Лозана не ги прифати предлозите за нејзино отстранување.

„Чудото од дете“, кое со само 15 години му пркосеше на законите на физиката и гравитацијата, имало позитивен тест лани во декември, по што руската антидопинг комисија ја суспендира на 8 февруари, но еден ден подоцна си ја поништи одлуката. Тоа донесе голем револт кај Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) и Светската антидопинг агенција (ВАДА), кои се жалеа во Лозана, каде што го загубија предметот.

Во својата одлука, ЦАС образложува дека Валиева како малолетничка требала да биде „заштитено лице“ во јавноста, односно не би требало да се открива нејзиниот идентитет по резултатите од првичниот тест. Според нив, проблемот лежи во тоа што резултатите од декемврискиот тест биле соопштени подоцна и тоа среде Зимските олимписки игри.

Валиева беше дел од руската селекција во екипното натпреварување во уметничко лизгање, во кое дојде до златниот медал, а Валиева утре ќе може да настапи во поединечната програма, каде што е фаворит за ново злато.