САБУР СЕЛАМЕТ (Трпение спасение)

598

Каква е нашата ситуација на терен! Сабур Селамет, ете каква. Едните исти курнази веќе триесет години, без да му се даде шанса на некој што ќе рече ‘‘ доста е вака‘‘! Во меѓувреме едуциравме и израснавме генерации кои на компјутер за една минута решаваат најкомплицирани задачи. Ама, на кого му требаат тие!? Нивниот најголем грев е во тоа што повеќе му веруваат на компјутерот и книгите отколку на теравијата на Оџа ‘‘Фиљан‘‘

Од Агим ЈОНУЗ

Кога одиш на доктор, он ти вика ‘‘ не се нервирај‘‘. Аха! Нема проблем. Еве, од сега нема да е нервирам. Се ‘ќе ми биде рамно. Така и со политичарите. Тој многу добро знае што сакаш да чуеш, па така убаво ке те изманипулира да мислиш дека е најдобриот човек на светот. Кој за што учел. И додека тие си ја заработиле платата секој на свој начин, ти си останал истиот залангур во ситуација на ‘‘ у гомна до гуша‘‘, ама си задоволен што си добил каква – таква сајгија од двојцата. Колку малку ти треба за да се осетиш како човек,..ааа?

Низ историјата се покажало дека на овој народ од секогаш многу малку му требало. Затоа и останал во приказните како предмет за заебанција. Дај му малку и ветувај му многу. Едноставна формула. Битно е кога го лажеш да му  ја најдеш слабата точка. И така, доаѓаме до клучната поента која е бизарна ама вистинита.

Овој народ функционира само по системот ‘‘ има и бетер‘‘, нека остане барем вака!

Народ што функционира по системот дека има и бетер е маса на која можеш да и правиш се што сакаш. Ти терај си политика, битно е на него ако не му е подобро барем да не му биде полошо. Идеална комбинација за полу-писмени политичари и манипулатори со јавноста. Нај големата иронија на секојдневјето е тоа што истите тие полу-писмени политичари кога ќе видат дека ‘‘ има и подобро‘‘, сите бенефиции ги ставаат во својот џеб, а со тоа ја зголемуваат разликата меѓу оние ‘‘доле‘‘ и оние ‘‘ горе‘‘! Така, оние горе се групираат во некакви ‘‘елити‘‘ кои диктираат се и сешто, а најмногу животот на оние ‚‚доле‘‘! Нема тука ни ‘‘ Е ‘‘ од елити!

Зборот ‘‘Елита‘‘ е научна фантастика за 90% од ‘‘елитата‘‘! Масата само се подели на оние кои по моделот  на ‘‘Насредин Хоџа‘‘ испаднаа курнази, за сметка на оние кои го ‘‘јадат стапот‘‘ секогаш. Да, ама никој не е виновен што народот на нај мазохистички начин научил да го јаде стапот, па му е убаво. Ако го нема стапот, нешто ќе им фали. Тој е среќен што покрај стапот не јаде и некоја клоца во газот.

Народ што функционира само по системот ‘‘ има и бетер‘‘, не заслужува подобро!

Хоџата вика ‘‘Сабур, Селамет‘‘. А, што друго да му каже на народ кој во време на интернет не успева да се информира и да се едуцира дека има два збора кои се разликуваат само по една буква, а се два различни света. ‘‘Револуција и Еволуција‘‘! На хоџата така му иде есапот, па наместо да ја прошири дискусијата кога држи теравија, само тоа го спомнува. А јас секако се слагам дека зборовите ‘‘Сабур Селамет‘‘ имаат своја содржина и тежина. Респект. Ама!

Зборот Е-волуција, подразбира да помине долго време за да се променат работите, меѓутоа подразбира и дека нештата сами по себе ќе се менуваат без некој посебно да стори нешто. Во кој правец ке се одвиваат промените никој не може да тврди, затоа што се е препуштено на ‘‘Аллах Керим‘‘! Во таков амбиент, се отвара простор за секој еден што е малце по курназ да прави што сака. Секогаш имало и ќе има курнази кои гледаат дека народот е ќорав. И сосема нормално, некој го зима во раце камшикот, а некој го јаде стапот. Каде и во кој правец оди животот веќе зависи од курназите а не од народот. А, тој  народ се што знае да каже е ‘‘ е па од Аллах е,.. што да правиме‘‘!  Треба ли понатамошен коментар!? Па, Аллах ти дал памет бе ‘‘О ЉОП‘‘! Бадијава! И така, еволуцијата која е многу бавен феномен, подразбира дека секогаш ке бидеме зад светот. Таа разлика секогаш ќе ја плаќаме скапо. Денес, современиот свет отиде да сади зарзават на Марс. Ние сеуште се бавиме со ‘‘од Аллах е‘‘! Линија на помал отпор за правдање на примитивизам, неписменост и неспособност.

Зборот Р-еволуција има поинаква тежина. Тој збор подразбира мозокот да ти функционира. Да го употребиш. Да се спротивставиш некому. Да се организираш. Да направиш позитивни промени. Да излезеш од ситуацијата што те мачи. Да планираш. Многумина зборот револуција го подразбираат како повик за војна и како феномен на ‘‘ земи пушката и утепај го душманот‘‘! Не! Ама затоа пак, во зборот ‘‘Р‘‘еволуција има една друга финта. Во револуцијата нема место за курнази туку за паметни луѓе. Можеби звучи наивно, ама во револуцијата ти сам го бираш својот курназ да те води, а не тој да ти ги мати есапите и животот. Револуцијата носи брзи промени. Сигурно не се спремни сите да прифатат брзи промени, ама има трансфер од полошо на подобро. И тоа што е најважно, им се дава шанса на помладите, поспособните, по образованите и прогресивците. И тука има ‘‘ Сабур Селамет‘‘, ама се вози у ‘‘четврта брзина‘‘, а башка и Хоџа Фиљан-Фисник вика дека и Аллах  ги сака храбрите и учените.

Каква е нашата ситуација на терен! Сабур Селамет, ете каква. Едните исти курнази веќе триесет години, без да му се даде шанса на некој што ќе рече ‘‘ доста е вака‘‘! Во меѓувреме едуциравме и израснавме генерации кои на компјутер за една минута решаваат најкомплицирани задачи. Ама, на кого му требаат тие!? Нивниот најголем грев е во тоа што повеќе му веруваат на компјутерот и книгите отколку на теравијата на Оџа ‘‘Фиљан‘‘.

Албанскиот народ има неверојатно многу потенцијал. Колкав дел од тој потенцијал користиме ние? Јас и припаѓам на една од генерациите кои паднаа на испит.Мислевме дека ние сме најаметни и никој друг. Испаднавме лоши курнази. Создадовме една маса која за власт, моќ и пари ке си го продадеме и татко си! Голема бројка ‘‘курнази‘‘ сокриени зад бајракот им застанаа на пат на млади прогресивни и писмени деца да се носат со предизвиците на современото време. И што очекуваме ние? Да останат тука? Да ме гледаат мене или тебе? Оџата Миљаим? Ало! Ние сите ке останеме да си чекаме Е-волуција, зошто тие што може да направат Р-еволуција бегаат надвор у туѓи авлии зажто не може да се разберат со нас стари ајвани.

Поминува последниот воз да ги задржиме младите прогресивни сили кои можат и треба да создадат нов амбиент. Современ, цивилизиран, достоинствен амбиент кој го создава еден народ кој има три религии, поликултура која е за завидување и историја на писменост, гордост и традиција на еснафлук.Сабур Селамет народе. Поготово вие младите што не сакате бавна еволуција туку Револуција. Вашето време е наша заедничка иднина.

Мора во блиска иднина да се направи една голема смена на генерации во политичката сцена. Времето станува се по динамично и бара луѓе со енергија, младост и знаење. Мора да се премине од еволуција во револуција. Како! Етапи се тоа, Новите генерации мора да направат од нашиот живот современ, европски, прогресивен и просперитетен амбиент. Ние толку имавме капацитет и квалитет. Сега вие продолжете. Исто како во старата албанска приказна.

Пратиле некој млад Хоџа во некое планинско село да го шири Исламот. Луѓето биле многу заостанати и хоџата имал голем проблем да ги собере на едно место. Со текот на времето изградиле во сред селото и нешто што личи на џамија. Еден ден на хоџата му дошла инспекција на ‘‘Џума‘‘, ама виделе дека сите внатре седат со кондури! Кога го прашале Хоџата зошто е тоа така тој едноставно одговорил.

… јас успеав да ги соберам на едно место и да изградам џамија! Сега вие ако сте по паметни, извадете им ги кондурите!

Сабур Селамет Ооо џемаат !

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)