Садик Беј е осмиот кошаркар со 50+ поени во НБА овој месец (ВИДЕО)

2

Утринава во НБА-лигата на програмата беше само еден натпревар. Детроит како гостин славеше со 134-120 против Орландо.

Натпревар на кариерата одигра Садик Беј од редовите на Пистонс, кој реализираше 51 поен. Со 22 години тој стана најмладиот кошаркар во историјата на тимот што постигнал 50 или повеќе поени.

Овој месец март донесе неверојатни индивидуални постигнувања, бидејќи Беј е осмиот кошаркар кој постигнал 50+ поени на еден натпревар, што е најмногу во еден месец во последните 50 години. Повеќе кошаркари со 50+ поени во еден месец имало во декември 1962 година, кога деветмина имале вакво постигнување.

Франц Вагнер со 26 поени беше најдобар кај поразените Меџик.