САД го издадоа првиот пасош со родово неутрална категорија

16

Соединетите Американски Држави го издадоа првиот пасош што содржи категорија „икс“ за сите оние што не сакаат да се изјаснат дали се мажи или жени, објави Стејт департментот.

Следната година се очекува да бидат воведени и категории за небинарност, интерсексуалност и родова неусогласеност.

Специјалната претставничка на САД за правата на ЛГБТК Џесика Стерн го нарече овој потег историски, нагласувајќи дека документите треба да се усогласат со реалноста.

„Кога некое лице ќе има документи што го одразуваат неговиот вистински идентитет, ќе живее со повеќе достоинство и почит“, рече таа.

Не е соопштено кому му е издаден првиот таков пасош.