САД и НАТО веруваат дека Белорусија наскоро ќе се вклучи во војната во Украина

4

https://www.dropbox.com/s/v8o0kgwwkxkh6og/VIDEO%20Agenda%20Day%202.mp4?dl=0

VIDEO: Agenda Day 1)
САД и НАТО веруваат дека Белорусија наскоро би можела да ѝ се придружи на Русија во нејзината војна против Украина, додавајќи дека земјата веќе презема чекори за тоа.

„Многу е веројатно дека Белорусија ќе се вклучи во конфликтот. На Владимир Путин му треба помош“, изјави висок функционер од НАТО.

Извори од белоруската опозиција велат дека белоруските борбени единици се подготвени да влезат во Украина уште во наредните денови, при што илјадници војници би биле ангажирани. Од НАТО додаваат дека белоруската влада подготвува терен за да ја оправда офанзивата на Украина.

Русија веќе лансираше напади на Украина од белоруската територија, откако илјадници нејзини војници беа распоредени во оваа земја пред почетокот на инвазијата. Американските и европските санкции кои беа одговор на инвазијата се однесуваа и на белоруски државјани, вклучувајќи го претседателот Лукашенко.

Минатиот месец, Белорусија го промени својот устав, дозволувајќи постојано присуство на руски трупи и нуклеарно оружје на својата територија.

Од НАТО велат дека одлуката за евентуално вклучување на Белорусија во војната, сепак, ќе биде донесена во Москва. Пентагон неодамна кажа дека нема назнаки дека белоруски трупи се борат во Украина.