САД со предупредување до своите граѓани да не патуваат во Србија поради состојбата со коронавирусот

11

Американското министерство за надворешни работи ги предупреди државјаните на САД да не патуваат во Србија поради лошата епидемиолошка состојба со коронавирусот, но и да бидат особено внимателни поради криминал aко се во таа земја.

Стејт департментот ги предупреди граѓаните да не патуваат во Србија и осум други дестинации поради вирусот, вклучувајќи ги Словенија, Албанија, Литванија, Авганистан, Гренада, Белизе, Сент Китс и Невис и Маурициус.

Се наведува дека тие држави се меѓу земјите од четврти степен во кои е регистрирана значителна распространетост на коронавирусот. Според податоците на Министерството за здравство на Србија, од вчера, уште 27 лица починале од ковид-19. Бројот на новозаразени продолжува да расте, а инфекција е потврдена во претходните 24 часа кај 6249 од 21 163 тестирани лица.