САД ја надминаа Кина: Најголем број инфицирани од коронавирусот

10

САД станаа земја со најмногу луѓе кај кои е потврдена заразата со новиот коронавирус. Особено погодена е метрополата Њујорк со преку 20 илјади заболени од Ковид-19.

Според актуелните податоци на универзитетот Џонс Хопкинс, во САД се инфицирани повеќе околу 86 илјади луѓе а починале најмалку 1300.

САД во текот на изминатата ноќ ја надминаа Кина, која бележи близу 82 илјади случаи на Ковид-19, како и Италија каде се регистрирани околу 80.500 заразени. Оваа европска земја има најмногу смртни случаи од болеста, која ја предизвикува новиот коронавирус- 8215.

Што се однесува до брзиот скок на регистрирани случаи во САД, експертите упатуваат на фактот дека во последниве денови е значително интенизивирано тестирањето на луѓето. Во моментов болеста е особено распространета во метрополата Њујорк. Болниците во градот се преполнети од тешки случаи, а бројката на инфицирани надмина 20 илјади.

Наредното кризно жариште, според експертите, треба да биде Њу Орлеанс, каде се смета дека карневалските прослави го забрзале ширењето на вирусот. И во двата града наскоро би можело да дојде до опасен недостаток на респиратори.

Универзитетот Вашингтон, пак во меѓувреме објави студија во која се вели дека во наредните четири месеци од Ковид-19 во САД би можеле да починат 81.000 луѓе.