САД ја отфрлија понудата на Полска за предавање на авиони МиГ-29 на Украина

21

Министерството за одбрана на САД објави дека не е прифатлива понудата на Полска за предавање на авионите МиГ-29 на САД за употреба од страна на украинската армија.

 

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Џон Кирби во вторникот изјави дека идејата да се стават на располагање авиони на САД за да летаат во воздушниот простор каде руските сили ја напаѓаат Украина е сериозна загриженост за целата алијанса.

САД ја отфрлија понудата на Полска да ги испрати сите свои борбени авиони МИГ-29 во Украина преку американска воздушна база во Германија.

Американски воен експерт го нарекува планот на Полска „збунувачки“.

Официјална Варшава инаку постојано ја отфрла можноста за испраќање на своите воени авиони директно во соседна Украина.