Сали Бериша доби бокс во лице додека маршираше на протест

35

Водачот на албанската опозиција Сали Бериша беше удрен со тупаница во лице од случаен минувач додека ги водеше толпата поддржувачи на неговата партија во центарот на Тирана на антивладините протести што се одржуваа неколку метри подалеку од местото на одржување на самитот на ЕУ.

Илјадници поддржувачи на опозицијата се собраа денеска во градот додека Албанија е домаќин на првиот самит ЕУ-Балкан, на кој присуствуваат лидерите на земјите-членки на Европската Унија, за да протестираат против владата на премиерот Еди Рама и да побараат предвремени избори.

Додека Бериша, кој ја предводи централно-десничарската Демократска партија, чекореше пред своите поддржувачи веејќи знамиња на Албанија и на ЕУ, еден маж му пријде и го удри со тупаница по лицето. Бериша беше со раскрвавено лице, а подоцна требаше да говори на митингот.

Напаѓачот беше претепан од приврзаниците на Бериша и уапсен од полицијата.

На Бериша, поранешен претседател и премиер, му е забранет влез во САД поради наводна корупција. Тој ги негира обвиненијата.