Самсоненко: Плацот на Водно е мој, го купив за 110 милиони денари

2

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко денеска сведочеше во Кривичниот суд, за предметот “Плацевите на Водно” во одбраната на обвинетиот бизнисмен Орце Камчев, а за спорната површина до која се уште нема пристапен пат. Тој тврди дека е негов плацот за кој обвинителството верува дека е купен за поранешниот премиер Никола Груевски.

Обвинителството смета дека плацот на Водно е во тајна сопственост Груевски, менувајќи неколку сопственици. Спорд обвинението, во летото 2012 година кумот на Груевски, Ристо Новачевски, основал фирма-ќерка во Скопје, „Сирах инженеринг“, а на сметката во неколку наврати легнале парите на Груевски, стекнати преку донации за партијата. Со нив, пак, потоа биле исплатени две парцели, со вкупна големина од 11.000 квадратни метри.

Самсоненко вели дека таму сака да си изгради куќа, по купопродажбата преку фирма која е во сопственост на неговата сопруга.

-“Лајф кеар центар” е моја фирма, која е купена на име на жената, по моја наредба, значи на мојата фамилија е. Во сопственост нема ништо, освен плац од 10.000 квадрати, отприлика.

Барав голем плац за да изградам куќа за мојата фамилија. Не можев да најдам бидејќи барав над 5.000 квадрати. Орце Камчев ми го предложи овој плац како една од варијантите. Јас разгледував и го одбрав. Договорот беше да го исплатам за три години и го исплатив и пред време. Платив 110 милиони денари, рече Самсоненко, кој додаде дека со тие пари безгрижно би живеел 10 до 15 години, рече Самсоненко во дел од своите изјави.

Тој наедно и се пожали дека Општината треба да изгради пристапен пат а тоа се уште не е направено.