Санчо пред трансфер вреден 120 милиони фунти во Премиерлигата

10

Англиските медиуми пишуваат дека младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо е блиску до трансфер во Премиерлигата, односно во екипата на Челси.

Челси работи на комплетирање на трансферот вреден 120 милиони фунти, па еден од најголемите европски таленти наскоро би можел да го облече синиот дрес.

Интересот за Санчо е огромен, па покрај Челси го посакуваат и Манчестер јунајтед и Ливерпул, но очигледно лондонскиот тим ќе го добие потписот на фантастичниот играч.

Санчо сезонава одигра 24 натпревари за „милионерите“ и притоа постигна 12 голови и дури 13 асистенции, па јасно е зошто привлече голем интерес од европските гиганти, а Дортмунд сигурно нема ништо против да го продаде за некоја „дебела“ сума.