Сашо Мијалков за прв пат објави статус на социјалните мрежи

205

Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК и поранешен член со големо влијание во ВМРО-ДПМНЕ како братучед на поранешниот премиер Никола Груевски, за прв пат сподели статус на социјалните мрежи.

Актуелниот бизнисмен отвори профил на Фејсбук пред една недела, а прво што сподели е своето интервју дадено за „Плусинфо“ во кое бара оставка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Реалноста гласи дека ова раководство на ВМРО ДПМНЕ го оствари најслабиот резултат во историјата. Од освоените 455.000 гласови на последните парламентарни избори во 2016 година, Христијан Мицкоски падна на 315.000 гласа. Само Љубчо Георгиевски бил полош од него во 2002 година, кога освои 300.000 гласови, а тогаш и тој и Љубе Бошковски беа на црната листа на САД, a позади себе имаа шверц на цигари, нафта,убиства и куп други афери“, вели Мијалков на едно од прашањата.

Тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ изгубил на изборите затоа што немало инструкции од изборниот штаб, кампањата се водела со реторика како во 90-тите години и спотови кои повеќе служеле за потсмев отколку што ги мотивираке граѓаните, додека „бомбите“ кај неутралните предизвикале само чувство на разочарување.