Сведоци на рочиштето во случајот „Насилство во општина Центар“

16

Во Кривичниот суд се очекува да продолжи судењето за случајот „Насилство во општина Центар“ со искази на сведоци за настанот.
На последното рочиште во март вештак од Србија ги анализираше разговорите меѓу Миле Јанакиески, Никола Груевски и Орце Камчев.

Одбраната тогаш негодуваше затоа што во тогашното Специјално јавно обвинителство се одлучиле да ангажираат вештак од Србија, што е спротивно од членот 236, став 1 од ЗКП според кој вештачењето можат да го вршат само вештаци од Македонија.