Светска банка ќе додели 4,5 милиони евра за намалување на загадувањето во Македонија, Албанија и Косово

11

Заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули уверува дека до крајот на годинава ќе има субвенции за клима инверторите, кои треба да ги заменат печките на дрва.

„Ние се обидуваме да ги надминеме сите технички проблеми и легислативни проблеми да не наидеме на кочница како што тоа се случи со студентскиот дом Кузман и затоа малку повеќе тоа се обработува. Сакаме тоа да го направиме на најдигитален начин, да не учествува човекот во можноста за одлуките и тоа набрзо ќе биде објавено“, додава Макрадули.

За спречување на аерозагадувањето, Светска банка со 4,5 милиони евра им помага на Албанија, Косово и Македонија за формирање зелена зона.

„Оваа агенда е на врвот на приоритетите на Светската банка, како и во Владите во регионот, така што нашата заложба тука е да помогнеме на Владите да преминат на конкретни чекори на терен. Ова е сложено прашање коешто бара координирани решенија, како на национално така и на локално ниво, како во јавниот така и во приватниот сектор“, рече Марко Мантованели, Светска банка.

Косовскиот министер за животна средина признава дека загадувањето во државата е поголемо. Со мерките очекуваат дека ќе се намали загадувањето.

„Од јуни почнавме да тестираме како се имплементираме прокетите. Преку апликација го мериме загадувањето од автомобили и забранивме вакви возила да се увезуваат. Имаме и софтер апликација преку која ја мериме загаденоста на Косово и преку монитори ја гледаме загаденоста“, рече Фатмир Матоши, министер за животна средина на Косово.

Поради загадувањето годишно во светот умираат 4,2 милиони.