СВЕТ Далеку пред Трамп: Кампањата на Бајден соборува рекорди во донации

9

Претседателската кампања во САД на кандидатот Џо Бајден во септември повторно го собори месечниот рекорд во донации.

Демократскиот кандидат вели дека просечната сума на донацијата е помала од 50 долари, пишува „Фајненшл тајмс“.

Тоа му дава голема финансиска предност во однос на Доналд Трамп во последните недели од трката за претседател на САД, пишува ФТ.

Изборниот штаб на Бајден објави дека располагаат со 432 милиони долари, бидејќи рекордот од август беше надминат во септември, кога беа собрани 364,5 милиони долари.

Републиканскиот национален комитет сè уште не објави колку донации се собрани за кампањата на Трамп во септември, но во август, со износ од 210 милиони, тој беше зад Бајден за околу 150 милиони долари.

Минатиот месец, републиканците објавија дека имаат 325 милиони долари донации за кампањата.