СДСМ: Пратеникот и кардиолог Сашко Николов кандидат за градоначалник на Штип

37

Извршниот одбор на СДСМ на синоќешната седница го утврди пратеникот и кардиолог Сашко Николов како кандидат за градоначалник на Штип, за предвремените локални избори, кои треба да се одржат на 13 декември во оваа опптина.
Николов е актуелен пратеник од СДСМ кој истовремено продолжи да работи како интервенет кардиолог во Штипската клиничка болница.
„СДСМ е фаворит на изборите во Штип, поради успешните политики во интерес на граѓаните, поради досегашната работа на еден од најуспешните градоначалници, Благојчо Бочварски, ​ и секако поради кандидатот со кој ќе настапи“, соопшти владеачката партија.
Во Штип ќе има вонредни локални избори откако Благој Бочварски беше избран за министер за транспорт и врски. Исто така ќе има избори и во Пласница, каде што градоначалникот Исмаил Јахоски стана пратеник.
Сепак новите градоначалници ќе имаат скратен мандат од само една година бидејќи во 2021 ќе се одржат редовните локални избори.