СДСМ се спрема за внатрепартиски избори на 21 март, се разгледува можност за онлајн гласање

14

СДСМ спроведува постапка на ажурирање на партиското членство, во пресрет на најавените внатрепартиски избори, во чии рамки партиски лидер за првпат нема да бираат делегати, туку сите партиски членови.

Како што велат од владејачката партија, уште не е отпочната постапка и не се донесени правилниците и роковниците, но се очекува Централниот одбор да ги закаже внатрепартиските избори за 21 март.

-Ќе се спроведува непосредно гласање на секој член што извршил активна регистрација на терен во секоја општинска организација – изјави за Фокус генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Во однос на прашањето дали електронското гласање овозможува тајност на гласањето, Николовски посочува дека дополнително треба да се утврди дали има можност за онлајн гласање.

Инаку, неодамнешната промена на партискиот статут овозможи новиот партиски лидер, по истекот на мандатот на актуелното раководство, да се избира на директни внатрепартиски непосредни избори.