СДСМ: Ќе се решат сите судски предмети отворени од СЈО

15

Прочистување на правосудството и проверка на потеклото на пари и имот на секој функционер најавува СДСМ откако ќе ја формирале новата влада.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже кој ќе биде премиер

„Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат владеење на правото во кое законот е еднаков за сите. Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Ќе биде извршена темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Следува разрешница на сите предмети отворени од Специјалното јавно обвинителство“,

велат од СДСМ.
Тие додаваат дека изминатите две и пол години создадени се услови кои гарантираат дека политиката не може да се меша во судските одлуки, а сите предмети за висока корупција мора да имаат судска разрешница.