Северина ги оштетила сестрите и мајка си за сума од 500.000 евра?!

5

Кога и како почнал конфликтот меѓу сестрите Зденка, Маријана и Северина, кои претходно биле блиски, открива близок извор за хрватските медиуми.

Имено, веста дека пејачката и нејзината постара сестра Маријана Поповиќ се степале во станот на мајка си Ана во Сплит, по што Северина беше приведена од полицијата по пријава насестра си, продолжува да ги полни медиумите. Причината поради која Зденка и Маријана не ја сакаат својата помлада сестра ја открива доброупатен извор.

Имено, пред десет години, инвеститор изградил трговски центар до нивниот имот и сакал да се прошири, па затоа му требало нивното земјиште, каде што требало да поминува пристапниот пат до неговиот центар.

Тој ѝ понудил на Северина да го купи целото земјиште во кое имала еднаков удел со нејзините две сестри. Наместо прво да им го понуди својот дел на сестрите, што и морала да направи според законот, таа му го продала на сопственикот на трговскиот центар, со што сестрите ги ставила во ситуација да не можат да го продадат земјиштето без негова согласност и да ја постигнат максималната пазарна цена.