Северна Кореја тврди дека нема ниту еден заразен со коронавирус

8

Северна Кореја ја извести Светската здравствена организација (СЗО) дека не евидентирала ниту еден случај со коронавирус на нејзина територија, пренесува денеска АП.

Претставникот на СЗО во Пјонгјанг, Едвин Салвадор, изјави дека Северна Кореја тестирала 23 121 лице за присуство на коронавирус и дека сите резултати биле негативни.

Според Ел Салвадор, од 26 март до 1 април биле тестирани 732 лица.

Пјонгјанг објави дека нема да учествува на Олимписките игри во Токио, за да ги заштити своите спортисти од „светската здравствена криза, предизвикана од ковид-19“.

Северна Кореја е една од малкуте држави во светот, девет, кои не пријавиле ниту еден случај на заразен со коронавирус.