Седницата за Законот за Јавно обвинителство закажана за во 17 часот

2

Пленарната седница на која ќе се гласа потребата Законот за јавно обвинителство и Законот за Совет на јавни обвинители да се носат по итна постапка е закажана за денеска во 17 часот, дознава „Локално“ од извори од Собранието.

После излгасувањето на потребата, двата закона поминуваат во Комисијата за европски прашања, каде треба да поминат во прво и второ читање, а потоа да се вратат на пленарна седница.

Рокот на носење на Законот, доколку се оди по нормална процедура се поклопува со денот кога треба да се распушти Парламентот, односно во среда. Претседателот на Собранието, Талат Џафери претходно рече дека пратениците имаат рок Законот за Јавно обвинителство да помине до среда до полноќ, кога официјално завршува мандатот на овие пратеници, на точно 60 дена пред закажаните парламентарни избори.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, утрово рече дека се надева дека законското решение ќе добие консензуална поддршка од сите парламентарни групи, но и дека ќе се изгласа до среда, за да нема одложување на распуштањето на Собранието.