Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет

25

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет.

На дневен ред на седницата е Предлог на законот за изменување на Законот за хартии од вредност, по скратена постапка.

Како што стои во образложението објавено на собраниската веб-страна, со предложениот текст на Предлогот на закон за изменување на Законот за хартии од вредност се продолжува рокот за задолжителна котација за период од уште три годинии, односно до 30 април 2027 година.