Седум мигранти се удавија во езеро во Турција

14

Седум луѓе загинале а 64 се спасени кога чамец со мигранти од Пакистан, Бангладеш и Авганистан потонал во езерото Ван на истокот на Турција, соопшти владената канцеларија во покраината Битлис.

Чамецот се превртел и потонал кога се приближувал кон Адилчеваз во Битлис, на северниот брег на езерото Ван, се наведува во соопштението. Несреќата се случила околу 3 часот утрото.

Езерото е во близина на границата на Иран, од каде што мигрантите редовно преминуваат во Турција, на патот кон Европа. Не се знае зошто мигрантите биле на чамецот во езерото Ван, кое со целата површина е на турска територија.

Пет лица се најдени мртви на самото место на несреќата, а двајца починале во болница.

Спасени се 64 лица кои се однесени во блиските болнции и засолништва. Припадниците на турската жандармерија, спасувачките екипи и полициските нуркачи и натаму трагаат за можни преживеани.