СЕМЕЈСТВОТО НА СЛАВНАТА АКТЕРКА ПО ТЕШКАТА НЕСРЕЌА За жал, не очекуваме да преживее

2

Семејството на Ен Хеч (53) изјави дека „не очекуваат актерката да ја преживее“ тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа минатиот петок, пренесува „Гардијан“.

Како што првично беше објавено од магазинот „Пипл“, семејството на Хеч рече дека актерката претрпела „тешка аноксична повреда на мозокот“ и во моментов е задржана на апарати за одржување за да се утврди дали може да стане донор на органи.

– Сакаме да им се заблагодариме на сите кои се молеа за нејзино оздравување и на лекарите и медицинските сестри кои се грижеа за неа – се вели во соопштението на семејството.

– За жал, Ен во несреќата се здоби со тешка аноксична повреда на мозокот и сè уште е во кома во критична состојба. Не се очекува да преживее – изјави семејството на актерката.

Полицијата во четвртокот соопшти дека Хеч била под дејство на кокаин во моментот на несреќата.

Хеч минатиот петок удри со својот автомобил во еднокатна куќа во населбата Мар Виста во Западен Лос Анџелес. Автомобилот се запалил, а огнот набрзо ја зафатил и куќата.

Пожарот што избувнал бил гаснат еден час.