Се крати интервалот помеѓу првата доза и ревакцината со Астра Зенека

12

Наместо на досегашните 12 недели по примањето на првата доза од вакцината на производителот Астра Зенека, втората доза ќе се прими со навршување на 6 недели по првата доза, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Како што додаде тој, остануваат препораките оваа вакцина да ја примат само лицата постари од 60 години.

„Во упатството има една флексибилност, тоа е од 4-12 недели. Ние бевме многу внимателни чекајќи ги сите публикации и искуства на другите земји во однос на првично регистрираните несакани ефекти. Како времето одминува и гледаме дека тој ризик е минимален, одлучивме ревакцината да не биде на минимумот од 4 недели, да биде на 6 недели“, рече Филипче.