СЕ ОЖЕНИ ПЕТАР ГРАШО Протекоа првите фотографии од младоженецот и невестата (ФОТО)

10

Хана Хуљиќ и Петар Грашо вчера го изговорија судбоносното „да“ во црквата Свети Доминик во Сплит.

Младенците се фотографирале, а потоа се упатиле кон црквата каде пред Господ и сведоците се заколнале на вечна љубов. Хана блескала во цветната венчаница.

Имено, тие двајца биле „уловени“ на терасата од ресторанот, а цело време биле одлично расположени и насмеани. Грашо постојано ја бакнувал својата избраничка Хана.

Хана особено блескала во белата елегантна, цветна венчаница на дизајнерот од Сплит, а брановите во косата го комплетирале романтичниот изглед на невестата.

Инаку, како што пишува хрватска „Глорија“, Грашо немал само еден кум, туку двајца. Покрај кошаркарската легенда Дино Раѓа (54), кум бил и познатиот словенечки готвач Томаж Кавчиќ.

Хана изгледала бајковито, во едноставна, но ефектна венчаница, а избрала и едноставна шминка и фризура. Грашо одбрал елегантен син костум со бела кошула.