Се рашири лажна вест дека Ратко Младиќ е мртов

6

Информацијата дека осудениот воен злосторник и поранешен генерал на војската на Република Српска Ратко Младиќ е мртов се рашири денес по социјалните мрежи.

Информацијата е лажна и е објавена од лажен профил на Твитер на име на министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ.

Од кабинетот на Турковиќ соопштија дека таа нема профил на Твитер и дека не го напишала статусот во кој се наведува дека амбасадорот на БиХ во Хаг го информирал министерството за надворешни работи на БиХ дека Младиќ умрел.

Портпаролката на Хашкиот трибунал Хелена Еглстон исто така ги демантираше тврдењата за смртта на Ратко Младиќ.