Се сруши мал приватен авион во Канада: Загинаа седум лица, меѓу нив и три деца

8

Во пад на мал авион во сојузната канадска држава Онтарио загинаа седум лица, меѓу кои и три деца, соопштија властите во Канада.

Авионот со еден мотор кој со еден пилот и шест патници полетал од аеродром во предградие на Торонто, се сруши во шумско подрачје, на неколку километри од аеродромот Кингстон, пренесува „Дејли меил“.

Како што се наведува, пилотот бил од американската сојузна држава Тексас, а со него биле неговата сопруга и трите нивни деца на три, 11 и 15-годишна возраст, како и двајца Канаѓани.

Спасувачите стигнале на местото на несреќата, но немало преживеани.

Се уште не е позната причината за падот на овој приватен авион, а според соопштението на полицијата, истрагата може да трае и неколку месеци.