Се удави рибар во водите на Вардар кај Миравци

12

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Вчера во 15.40 часот било пријавено дека во близина на гевгелиското село Миравци, на место викано „Три тополи“, додека В.М.(19) и В.Ѓ.(56), двајцата од село Миравци, местеле мрежи во реката Вардар, В.Ѓ. паднал во водите на реката и потонал.

Во 19.15 часот тој бил понајден и извлечен од реката. Од страна на лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.